Popis Vednas SKOPJE

Дебата во Скопје: Пописот е демократија, а не само етничка бројка!

на јун 23, 14 • од

Во рамките на кампањата „Попис веднаш!“, НВО Инфоцентарот заедно со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, организира дебата: „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“. Дебатата ќе се одржи на 25 јуни 2014, среда, со почеток во 11 часот, во ГЕМ клубот, во Старата скопска чаршија...
Pin It

Home » Активности » Дебата во Скопје: Пописот е демократија, а не само етничка бројка!

За да ја поттикне и да ја засили јавната дебата за вистинското значење на пописот, како и за нужноста од негово итно спроведување, НВО Инфоцентарот заедно со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) преку Проектот на УСАИД за граѓанско општество, организира дебата: „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“

Дебатата ќе се одржи на 25 јуни 2014, среда, со почеток во 11 часот, во ГЕМ клубот, во Старата скопска чаршија.

Дискусијата ќе ја модерира Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), а панелисти ќе бидат Дончо Герасимовски, статистичар и поранеше директор на Заводот за статистика; Абдулменаф Беџети, професор и поранешен потпретседател на Државната пописна комисија (се чека потврда); Фросина Ременски, професорка на Факултетот за државна безбедност, Афердита Хаџијаха Имери експертка за социјална вклученост, Бранко Героски, новинар и Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

Се надеваме дека и Вие ќе земете активно учество во дебатата за тоа зошто во Македонија треба да се спроведе попис што е можно побрзо, зошто тој не смее да се третира само како етничко пребројување на населението и зошто пописот е клучниот предуслов за креирање ефикасни и успешни политики во речиси сите сфери на општеството.

Оваа дебата е дел од граѓанската кампања „Попис веднаш!“, во чии рамки се одржаа дебати и во Тетово, Битола, Струмица и Струга.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top