mcet 3

Дебата „Учество на Република Македонија во Програмите на Заедницата 2007-2013 –искуства и предизвици’’

на дек 25, 14 • од

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондација отворено општество Македонија (ФООМ), организираат дебата за искуствата и предизвиците кои ја пресретнаа Република Македонија при искористување на средствата од Програмите на Заедницата (2007-2013) „Учество на Република Македонија во Програмите на Заедницата 2007-2013 –искуства и предизвици’’ која ќе се одржи на 29 декември 2014 година (понеделник), со почеток во 11 часот во хотелот Импексел...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Дебата „Учество на Република Македонија во Програмите на Заедницата 2007-2013 –искуства и предизвици’’

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондација отворено општество Македонија (ФООМ), организираат дебата за искуствата и предизвиците кои ја пресретнаа Република Македонија при искористување на средствата од Програмите на Заедницата (2007-2013) „Учество на Република Македонија во Програмите на Заедницата 2007-2013 –искуства и предизвици’’ која ќе се одржи на 29 декември 2014 година (понеделник), со почеток во 11 часот во  хотелот Импексел2 (зад Универзалната сала во Скопје)

Во фокусот на оваа дебата ќе биде презентирањето на постигнатите резултати во Програмите на заедницата и искуствата кои можат да се искористат при искористување на средствата предвидени за Програмите на Заедницата 2014-2020.
Исто така на дебатата ќе бидат презентирани наодите од студијата „Отиде ли Македонија прекутрупа во Европа – Анализа на учеството на Македонија во Програмите на Заедницата за периодот 2007-2013“.

Гости говорници се: Александар Колекески- Истражувач/аналитичар во МЦЕО; Биљана Прентоска од Програмата за култура (останува да се потврди); Марина Арсовска – Раководител на ЛЕР во Општина Куманово; Љупчо Петковски- Истражувач/аналитичар во МЦЕО и Анета Трпевска- Европа за граѓаните.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top