elektronska-pokana-23062014 (1)

Дебата „Слободата на изразување избркана од собранието, па оставена пред вратата на Уставниот суд“

на јун 20, 14 • од

Фондацијата Отворено општество - Македонија, Центарот за развој на медиуми и Фронтот за слобода на изразување на 23 јуни (понеделник) 2014, со почеток во 11 часот, во ГЕМ клубот (во Старата скопска чаршија над кафулето Менада), ќе одржат дебата посветена на Одлуката на Уставниот суд со која не им се утврдува повреда на слободата на изразување на новинарите кои беа исфрлени од собраниската галерија на 24 декември 2012 година...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Дебата „Слободата на изразување избркана од собранието, па оставена пред вратата на Уставниот суд“

Фондацијата Отворено општество – Македонија, Центарот за развој на медиуми и Фронтот за слобода на изразување на 23 јуни (понеделник) 2014, со почеток во 11 часот, во ГЕМ клубот (во Старата скопска чаршија над кафулето Менада), ќе одржат дебата посветена на Одлуката на Уставниот суд со која не им се утврдува повреда на слободата на изразување на новинарите кои беа исфрлени од собраниската галерија на 24 декември 2012 година.

На дебатата со наслов „Слободата на изразување избркана од Собранието, па оставена пред вратата на Уставниот суд – За што требаше да дебатира Уставниот суд при носењето на одлуката за новинарите?“ ќе говорат: Нада Наумовска од Фондацијата Отворено општество – Македонија, Насер Селмани – претседател на Здружението на новинари на Македонија, Филип Медарски – адвокат и застапник на новинарите во постапката пред Уставен суд во која се бараше утврдување повреда на слободата на изразување при настаните од 24 декември и Жарко Трајаноски од Фронтот за слобода на изразување. Модератор на настанот ќе биде Сеад Ризвановиќ, новинар и ТВ водител во 24 Вести, а ќе биде овозможен и пренос во живо на http://vozivo.mk/ .

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top