za veb

Дебата: Пописот е демократија, а не само етничка бројка!

на мај 30, 14 • од

За да ја поттикне јавната дебата за вистинското значење на пописот, како и за нужноста од негово итно спроведување, НВО Инфоцентарот заедно со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), организира двочасовна дебата: „Пописот е демократија, а не [&hellip...
Pin It

Home » Активности » Дебата: Пописот е демократија, а не само етничка бројка!

За да ја поттикне јавната дебата за вистинското значење на пописот, како и за нужноста од негово итно спроведување, НВО Инфоцентарот заедно со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), организира двочасовна дебата: „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“. Дебатата ќе се одржи на 2 јуни 2014, понеделник, со почеток во 11 часот, во културниот центар „Љоја“, во Тетово.

Дискусијата ќе ја модерира Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот, а панелисти ќе бидат Љупчо Петковски од МЦЕО, д-р Салајдин Салиу од Државниот универзитет во Тетово и Афердита Хаџијаха Имери од регионалната организација „Лабораторија за општествени иновации“.

Се надеваме дека и Вие ќе земете активно учество во дебатата за тоа зошто во Македонија треба да се спроведе попис што е можно побрзо, зошто тој не смее да се третира само како етничко пребројување на населението и зошто пописот е клучниот предуслов за креирање ефикасни и успешни политики во речиси сите сфери на општеството.

Оваа дебата е дел граѓанската кампања „Попис веднаш!“, во чии рамки ќе бидат организирани дебати и во Струмица, Битола, Струга и Скопје.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top