cover-mk-352x500

Цивил повикува на „соочување со реалноста“

на дек 2, 14 • од

Цивил – Центар за слобода и Форум – Цивилен мировен сервис ќе ја промовираат публикацијата „Соочување на реалноста“, која е завршен извештај на пилот-проектот „Сеќавање на минатото – обликување на иднината: локални култури на помнење“. Промоцијата ќе се одржи утре во ГЕМ Клуб – Менада во Стара Чаршија со почеток во 11:30 часот. Проектот опфаќа еден подолг историски [&hellip...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Цивил повикува на „соочување со реалноста“

Цивил – Центар за слобода и Форум – Цивилен мировен сервис ќе ја промовираат публикацијата „Соочување на реалноста“, која е завршен извештај на пилот-проектот „Сеќавање на минатото – обликување на иднината: локални култури на помнење“. Промоцијата ќе се одржи утре во ГЕМ Клуб – Менада во Стара Чаршија со почеток во 11:30 часот.

Проектот опфаќа еден подолг историски период во Македонија, почнувајќи од Илинденското востание во 1903 година и завршува со проектот „Скопје 2014“. Културата на помнење се однесува на вредностите, политиките и практиките на поединечното и колективното помнење, меморијализацијата на минатото преку обележување на празниците и почитување на спомениците, културното пролонгирање на историските настани, водењето и функционалноста на институциите библиотеки, училишта, музеи, архиви.

Во овој пилот проект беа опфатени три општини: Чаир, Тетово и Кичево.  Публикацијата ќе се промовира и во Кичево на 4 декември во просториите на општина Кичево, со почеток во 12:00 часот и во Тетово на 8 декември во просториите на општина Тетово, со почеток во 13:00 часот.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top