Тријазичната публикација, на македонски, албански и англиски јазик, е компилација од анализи и извештаи изработени и публикувани во рамките на проектот „Слобода за слободата на изразување“. Публикацијата ги содржи анализата „Слободата на изразување и здружување во медиумите“ која го опфаќа известувањето на медиумите за темите поврзани со слободата на изразување и слободата на здружување, во периодот 15јануари – 25 декември 2015 година и 15 јануари – 30 јуни 2016 година; документот „Слободата на изразување наспроти навредата и клеветата“ кој претставува пресек на судските случаи за навреда и клевета, со посебен фокус на нивното влијание врз
Види повеќе »Во прилозите на провладините медиуми кои се однесуваат на Шарената револуција и на ГДОМ преовладува таканареченото манихејство односно пропагандистичката техника на контрасти: „црно - бело“, „добро - лошо“. „Црното“, „лошото“, „злото“ се опонентите на власта, во случајов олицетворени во Шарена револуција, Сорос, СДСМ, опозицијата, граѓанските активисти и самите граѓани кои учествуваат на протестите,
Види повеќе »Младите сакаат да заминат најмногу заради невработеноста и општествено-политичката ситуација. НВО Инфоцентарот во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Осми Септември и Центарот за развој на медиуми, во периодот ноември 2015 – јануари 2016 година, спроведе анкета меѓу младите луѓе во сите осум плански региони во Република Македонија (Скопски, Вардарски, Источен, Североисточен, Пелагониски, Полошки, Југозападен и Југоисточен)
Види повеќе »Непосредно после граѓанските протести на 5 мај 2015, континуирната хајка против граѓанските организации зеде дополнителен замав и провладините медиуми директно ги обвинуваа и ги напаѓаа граѓанските активисти дека сакаат насилно да ја урнат актуелната власт, дека ја дестабилизираат државата и дека се платеници на странски служби
Види повеќе »Новинарството и натаму претставува најтужена професија. Дури една третина од постапките водени пред Основниот суд Скопје 2, во изминатите две години, се однесуваат на новинари, медиумски работници и медиуми. Најголемиот број од овие процеси – (82) 75% се веќе завршени, а останатите – (28) 25% се сѐ уште во тек. Она што загрижува е тенденцијата на постојано и континуирано покренување судски постапки против новинарите
Види повеќе »Овој медиум не се грижи за јавниот интерес и наместо професионално и непристрасно да информира за настани од исклучително општествено значење како што се на пример, студентските протести, се обидува комплетно да ги маргинализира и да ги етикетира во пропагандистичко- манипулативниот манир на комерцијалните провладини медиуми
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics