Коалицијата „Форум за граѓански дијалог“ која ја сочинуваат НВО Инфоцентар, МКЦ – Битола, Мултикултура, Гласен Текстилец, ЦЗО Струга, ГИЖ Свети Николе, Спектар, ЦРМ и Идеа Плус, во периодот јули-декември 2022, спроведе мониторинг за информирањето, комуникацијата и граѓанското учество во носењето одлуки во општините Битола, Штип, Тетово, Струга, Центар, Крива Паланка, Свети Николе, Демир Хисар и Крушево
Види повеќе »Општините доцнат со формирањето локални младински совети (ЛМС) и канцеларии за млади според новиот закон за младинско учество. Единствен исклучок е Крива Паланка
Види повеќе »Социјалните медиуми и граѓанскиот активизам: Уникатна можност за ширење на вашата порака до светот! Последните години се наречени „ера на социјалните медиуми“, т.е. „ера на дигитализацијата“. Не постои некој кој не зборува за тоа, а компаниите ги базираат своите деловни модели на социјалните мрежи. Дали овие алатки може да се користат и во граѓанскиот / непрофитен свет? Дали на секоја невладина организација и се потребни профили на социјални мрежи за да може нормално да функционира или пак тоа може да ви наштети на вашата мисија? Овој мини прирачник дава увид на областа на управувањето со
Види повеќе »Граѓаните ги мачат многу проблеми на локално ниво и затоа детектираа бројни приоритети за 2023 година и тоа, во речиси сите области – животна средина, инфраструктура, урбанизам, општински услуги и др
Види повеќе »Поаѓајки од фактот на јасно дефинираните законски обврски за поттикнување и за унапредување на родовата еднаквост помеѓу жените и мажите на локално ниво, Организацијата на жени од Струмица, Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе, Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово и здружението „Радика Де“ од Дебар извршија анализа на функционалноста на Комисиите за еднакви можности на жените и мажите (КЕМЖМ) при Советите на општините Струмица, Свети Николе, Куманово и Дебар. Предмет на оваа анализа е поставеноста и начинот на работење на КЕМЖМ (број и теми на одржани седници, соработката со координаторка за еднакви можности и
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, како членка на Форумот за граѓански дијалог (ФГД), од 15 до 25 ноември 2022 година, спроведе онлајн анкета за жителите на општина Центар. Анкетата имаше цел да ги детектира најголемите проблеми со кои се соочуваат жителите на оваа скопска општина, како и да го сондира мислењето на граѓаните за клучните приоритети во нивната локална заедница, на кои општинската власт треба да работи во наредниот период. За потребите на сондажата на јавното мислење беше подготвен структуриран прашалник, врз основа на детектираните проблеми и приоритети од онлајн анкетата и консултациите со граѓаните на општина Центар
Види повеќе »Во повеќето општини, во јавните објекти и на уличното осветлување, веќе се поставени или во тек е поставување штедливи светилки
Види повеќе »Иницијативата за формирање Локален младински совет е дел од проектот „Здружени за активно граѓанство“ на НВО Инфоцентар, поддржан од ЕУ
Види повеќе »Денеска, учесничките и учесниците на првата женска трка во Струмица, испратија порака до претставниците на Локалната самоуправа на Општина Струмица за потребата од примена на родовиот концепт при планирањето и спроведувањето на буџетските програми. Трката се одржа со цел да ја подигне свеста кај локалните власти и граѓаните и граѓанките за примена на родовиот концепт при планирање и спроведување на буџетските програми. Родово одговорните политики придонесуваат за унапредување на родовата еднаквост во Општина Струмица, притоа, земајќи ги во предвид специфичните потреби на жените и мажите/девојчињата и момчињата при планирањето и имплементацијата во стратешките општински документи
Види повеќе »Центарот за аудиовизуелни уметности (CaArts) заедно со граѓаните од Крива Паланка неколку месеци активно трага и истражува нови, потенцијални, алтернативни простори за културни настани во оваа општина. Откривањето, односно мапирањето на нови простори за што повеќе нови културни настани во Крива Паланка е акција на здружението „Центар за аудиовизуелни уметности“ од Крива Паланка. Со досегашните истражувања од Центарот констатирале дека културните настани главно се одвиваат на неколку простори во градот и тоа: Градскиот плоштад, Плоштадот „Карпошово востание“ (пред зградата на општина Крива Паланка), ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура. Со изградбата на новиот
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics