1

Бејкова: Непознаница е како ќе фунционира ад хок телото за медиуми

на јул 22, 16 • од

Пакетот за СЈО не е комплетен, бидејќи го остава отворено прашањето колку СЈО ќе биде ефикасно без специјално одделение во судот и во МВР...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Бејкова: Непознаница е како ќе фунционира ад хок телото за медиуми

Договорот за излез од политичката криза што вчера со потпишаа политичките партии отвора низа прашања, а прво и клучно е дали ќе биде испочитуван во таа рамка и во тие рокови бидејќи знаеме какво беше досега искуството со минирањето од страна на владејачките партии, вели граѓанската активистка Билјана Бејкова.

- За мене непознаница е како ќе функционира телото за мониторинг на медиуми и кои ќе бидат резултатите од неговата работа, особено ако се земе предвид дека станува збор за тело чии членови ќе ги бираат политичките партии, вклучително и предвидените решенија за МРТ. Пакетот за СЈО не е комплетен, бидејќи го остава отворено прашањето колку СЈО ќе биде ефикасно без специјално одделение во судот и во МВР. Учеството на граѓанското општество е многу општо предвидено. Во оваа фаза не може да зборуваме за тоа дали сме задоволни или не од договореното, особено што дел од нашите барања не се исполнети. Продолжуваме да следиме како ќе течат работите и секако ќе продолжиме со нашите активности – вели Бејкова. 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top