Водачот на „Битолското движење“, Илија Балтоски по атокот врз неговиот дом од страна на приврзаници на ГДОАМ, на 10 мај 2016 година, на својата Фејсбук страна напиша:.
„Драги мои битолчани,
Пред некој ден, на еден од протестите “за оставка и против аболиција”, најавив дека , ако СЕГА не се избориме за нашата слобода, тогаш нареден чекор на власта, е да почне да ни доаѓаат по дома и ќе пробаат да не малтретираат во сопствените домови. Еве, неколку дена после тој говор , се случи и тоа.
Имено, Овде се родив јас , во Битола, на ул 12 кладенци бр. 30, во населба “Недопирливи“. Тоа не значи дека ние граѓаните кои живееме овде сме недопирливи , туку населбата името го добила од една проста причина, што во времето кога се градела истата, била на крајот од градот, а во исто време била популарна една играна серија која го носела истото име. На мојата улица ги поминав сите згоди и незгоди од моето СРЕЌНО детство , ги поминав моите пубертетски денови, моите ЧКЕМБАРСКИ денови, мојата матура ја славев во мојот двор со дозвола на флексибилните и доброномерни соседи. Од секогаш сум се гордеел на мојата населба…. Во мојата населба живееле министри, градоначалници, директори, бизнисмени, доктори на науки признати во целиот свет, но исто така и работници, таксисти , занаетчии, уметници и ЗАТВОРЕНИЦИ. И секогаш се гордеам со мојата населба и со мојот град Битола.
Вечерва (10.05.2016) се случи за прв пат нешто толку невообичаено. Целата населба беше блокирана со полициско обезбедување, мислиш дошол Обама или Путин на гости во “Недопирливи“. Пред мојот дом се појавија неколку стотици “контрадемонстранти” извикувајќи пароли, чиниш протестираат пред канцеларијата на “градоначалникот”, “премиерот“ или “претседателот“. Зошто???, Затоа што јас Илија Балтовски , најобичен граѓанин на Битола, сум во првите редови на протестите кои се организираат минатите неколку недели во Битола борејќи се за мојата борба и правда и затоа што јавно ги искажувам моите несогласувања со политиката која ја спроведува овој режим ,а најмногу нашиот градоначалник, кој после овој настан можам да го наречам единствено со еден збор “ФАШИЗАМ“.
Ако имавте намера да ме заплашите мене и моето семејство, сте ја згрешиле адресата….. Ако имавте намера да ги заплашите моите комшии и пријатели, повторно бевте на грешна адреса.. Ако пак мислевте дека некој од НАС ќе падне на ваквите провокации, премногу сте се излажале… Еден совет до вас….. ќе ве наречам мои сограѓани… “Детето е родено, не можете да го вратите назад“ Мојата адреса не е единствена, не постојат толку наредби , смс пораки, наредби од штабови , притисоци, колку што има адреси на слободоумни граѓани….. Затоа не си го трошете вашето драгоцено време…… И за крај , морам да се заблогадарам на полицијата, што во ваков момент го заштитија домот на еден МАЖ , една ЖЕНА , едно 12 ГОДИШНО ДЕТЕ и еден пар старци (МАЈКА МИ И ТАТКО МИ)на кои им се восхитувам на нивната храброст. СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА УМОТ……“