991709

Мониторинг на медиуми- Анализа на квалитетот на информациите за Самитот на НАТО во Лисабон

на јан 27, 11 • од

Во периодот опфатен со овој мониторинг, медиумите ги преносоа ставовите на политичарите во Македонија. Беа објавени изјавите и мислењата на власта и на опозицијата, вклучувајќи ги и ставовите на албанскиот политички блок...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Мониторинг на медиуми- Анализа на квалитетот на информациите за Самитот на НАТО во Лисабон

Овој извештај се однесува на периодот од 1 до 30 ноември 2010 година и содржи анализа на квалитетот на информациите за Самитот на НАТО во Лисабон, Португалија.

Со мониторингот беа опфатени осум дневни весници („Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Време“; „Нова Македонија“, „Шпиц“ и „Коха“) и централните информативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија („А1“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МТВ1“; „Алфа“ и „АлсатМ“). Потребно е да се забележи дека од технички причини набљудувањето на весникот „Коха“ се одвиваше три пати неделно(понеделник, среда и петок).

Во рамките на мониторингот предмет на анализа беа следните форми на новинарски прилози: вести, изјави, извештаи, коментаторски извештаи, коментари, анализи, интервјуа, фотовести, колумни.

Во периодот опфатен со овој мониторинг, медиумите ги преносоа ставовите на политичарите во Македонија. Беа објавени изјавите и мислењата на власта и на опозицијата, вклучувајќи ги и ставовите на албанскиот политички блок. Исто така, беа пренесени ставовите на странските претставници во Македонија, но и на меѓународната заедница, поврзани со членството на Македонија во НАТО. Во медиумите не изостанаа ни експертските видувања.

Интересно е да се забележи дека во периодот опфатен со овој мониторинг, спорот за името речиси и да не беше третиран. Ако се има предвид фактот дека во периодот на објавување на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2010 година, медиумите, без исклучок, го третираа спорот со името како едно од клучните прашања за европската интеграција на државава, тогаш може да се заклучи дека решавањето на овој спор сѐ повеќе се гледа од аспект на европската интеграција, а не на НАТО-интеграцијата на Македонија.

Општ заклучок од мониторингот на медиумите е дека граѓаните добија доволно информации за исходот од самитот на НАТО во Лисабон, но помалку аналитичко видување за тоа што ќе значи новата реформа на НАТО за Македонија и нејзиниот прием во Алијансата.

Анализа на квалитетот на информациите за Самитот на НАТО во Лисабон, Португалија (358KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top