13265968_1290839494277885_4765074511911891938_n

Алфи приведоа двајца демонстранти кои потоа беа пуштени со прекршочни пријави

на јун 27, 16 • од

Создавањето атмосфера на постојана закана, употребата на несразмерна сила и употребата на специјални единици за нешта кои не се дел од нивниот делокруг на работа, а со цел предизвикување страв, длабоко навлегува во дефиницијата на тортура’, смета Мирјана Најчевска...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Алфи приведоа двајца демонстранти кои потоа беа пуштени со прекршочни пријави

Симона Спировска и Павле Богоевски, учесници во Шарената револуција, вечерва (27 јуни) беа уапсени од алфи и однесени во полициската станица Беко.

По кратко задржување активистите беа ослободени и против нив се покренати прекршочни пријави. По излегувањето од полициската станица, Богоевски изјави: „Не постои закон според кој полиција смее да не лишува од слобода за закон за јавна чистота“.

Мирјана Најчевска, експерт, но и активистка за човекои права, на својот Фејсбук профил, реагираше на учеството на алфите во приведувањето на активистите. Според неа треба да се поднесат кривични пријави против алфите кои апсат, а потоа даваат прекршочна казна.

- “Ваквото постапување е по дефиниција тортура. Создавањето атмосфера на постојана закана, употребата на несразмерна сила и употребата на специјални единици за нешта кои не се дел од нивниот делокруг на работа, а со цел предизвикување страв, длабоко навлегува во дефиницијата на тортура’, смета Најчевска

За време на протестите, триесетина полицајци го запреа и комбето на Шарената револуција кое го возеше пратеничката Лидија Димова.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top