Untitled

Академската професија во Македонија: помеѓу криза и егзодус

на фев 27, 15 • од

Реактор-Истражување во акција укажува на неопходноста од транспарентен процес за креирање на новиот Закон за високо образование, кој ќе обезбеди целосна вклученост и соработка на Универзитетот, студентите, професорите, граѓанското општество и стручната јавност...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Академската професија во Македонија: помеѓу криза и егзодус

Реактор – Истражување во акција ги презентираше резултатите од истражувањето кое ги испитува состојбите во академската професија и ставовите на академскиот кадар во Македонија. Истражувањето, на примерок од 487 испитаници, вработени како наставен, научен, или соработнички кадар во високообразованите институции во Македонија опфати широк спектар на прашања поврзани со:општите услови за академска работа,задоволството од работата, мобилност на академскиот кадар,автономијата на високообразовните институции и самиот процес на донесување одлуки, како иставовите во однос на дел од актуелните реформи  во високото образование.

Клучните наодите од истражувањето укажувааат на загрижувачката состојба во која се наоѓа академската професија во Македонија.

Ова е прво истражување од ваков вид во Македонија. Имајќи предвид дека се наоѓаме во критично време за високото образование, се надеваме дека резултатите ќе бидат земени предвид при креирањето на новата политика и новиот Закон за високото образование“ – изјави Неда Коруновска, претседателка на Реактор – Истражување во акција.

Резултатите од истражувањето укажуваат дека високото образование се движи во погрешен правец, при што најголем дел од академскиот кадар е незадоволен од повеќето реформски политики. Ако се земе предвид дека 71% од испитаниците сметаат дека владиниот интервенционизам во високото образование е висок, може да зборуваме само за привидна или процедурална институционална и финансиска автономија на високообразовните институции во Македонија. За да се обезбеди функционална автономија, мора да се овозможи поширок простор за делување на високообразованите институции, што секако ќе значи и потреба од зголемена транспарентност и одговорност од нивна страна.” – изјави Мартин Галевски, автор на истражувањето.

Дополнително, истражувањето идентификуваше генерациски јаз на низа прашања што е загрижувачки за иднината на академската професија. „Бројот на академски кадар кој се гледа надвор од Македонија е повеќе од алармантен и укажува на потенцијален интелектуален егзодус со тешко надоместливи последици. Резултатите од истражувањето укажуваат и на сериозниот недостатокот на можности за напредок во кариерата на помладиот академски кадар, што може дополнително да го поттикне одливот на мозоци. За да се намали одливот на научен кадар, потребно е драстично да се подобрат условите за работа, да се зголеми бројот на редовни вработени кадри и да се обезбедат можности за континуиран кариерен напредок.Доколку не се преземат соодветни чекори за подобрување на состојбите во високото образование, ризикуваме да го изгубиме еден од најзначајните сегменти од општеството.” – додаде Галевски.

Реактор-Истражување во акција укажува на неопходноста од транспарентен процес за креирање на новиот Закон за високо образование, кој ќе обезбеди целосна вклученост и соработка на Универзитетот, студентите, професорите, граѓанското општество и стручната јавност. Државните институции на тоа се обврзани со постојната законска регулатива и стратешки документи. До денес, таков процес не беше обезбеден, и затоа Реактор апелира новите реформи да бидат креирани низ инклузивен процес. 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top