За проектот

„Застапување за слобода на изразување“ е проект кој го спроведува Фондацијата НВО Инфоцентар, во соработка со Центарот за развој на медиуми.  Проектот ќе спроведува активности во насока на промоција, практикување и одбрана на слободата на изразување и слободата на здружување, како и активности кои ќе ги зајакнат  капацитети за јавно застапување на граѓанските активисти во Македонија.

Општа цел: Целосно почитување на слободата на изразување, и другите основни граѓански и политички слободи и права во Македонија

Краткорочна цел: Промоција, практикување и одбрана на правото на слобода на изразување  во најширока смисла и на правото на слободно граѓанско здружување.

Проектот „Застапување на слобода на изразување“ е поддржан преку Проектот на УСАИД за Граѓанско општество, имплементиран од страна на Фондација Отворено општество – Македонија.

Коментарите се затворени.

Scroll to top