Хелсиншкиот комитет, преку проектот „Унапредување на националната инфраструктура против говор на омраза и злосторства од омраза“, поддржан од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во 2013 и 2014 година регистрираше 175 инциденти/кривични дела сторени од омраза кои можат да се погледнат преку www.zlostorstvaodomraza.mk.
За една година во Македонија сторени се вкупно 175 злосторства од омраза, од кои најголемиот дел – 128 се на етничка основа.
Од инцидентите од омраза по етничка основа во најголем број жртвите се од албанска и македонска националност и најчесто се работи за малолетници. Покрај овие инциденти, во поголем број се и злосторствата од верска омраза (22), како и инциденти сторени поради политичка припадност (21). Последниот случај на злосторства на верска основа е нотиран во март годинава во Битола. Група непознати лица со кукасти крстови и навредливи симболи го демолирале Офицерскиот дом во Битола со што ја искажале омраза кон еврејската заедница. Евидентирани се и 8 случаи на инциденти сторени поради сексуална ориентација.
Граѓаните кои се сведоци или жртви на инциденти од говор на омраза, можат да ги пријават инцидентите на специјализираната страна www.zlostorstvaodomraza.mk.