Архива за 2022

  • Нема „нормален“ затворски живот без мито и корупција

    на јун 27, 22 • во Активности

    Naslovna-zatvori

    Јавна тајна е дека во нашите затвори царува корупцијата. Дали последниот полициски претрес во КПД „Идризово“ ќе ги поттикне институциите да работат и конечно да почнат да се справуваат со корупцијата во затворите? Граѓанин кој се огрешил пред законот и е осуден на казна затвор, се праќа да ја одлежи казната за да се ресоцијализира, за кога ќе биде ослободен да биде корисен за општеството. Така е на хартија. Но, во реалноста сликата е сосема поинаква.  Не постои ресоцијализација. Постои борба за опстанок. Борба за „нормален“ затворски живот кој чини многу пари. А тие пари,

    Види повеќе »
  • Половина од пријавите до Антикорупциска завршуваат без утврдена корупција

    на јун 27, 22 • во Активности

    02-DKSK-islustracija-bez-tekst

    Сомнежи за влијание при вработување, отпуштање од работа, стечаи, судски одлуки… Речиси нема област од општественото живеење за која не стигнала пријава до антикорупциската комисија во државава. Членовите на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кој е превентивен орган за справување со една од најтешките аномалии во општеството, имаат полни раце работа. На речиси секоја седница одлучуваат за десетици пријави од граѓани и фирми. Има седници на кои на дневен ред се наоѓаат и по 80 пријави за корупција и конфликт на интереси. Штом пријавата ќе стигне до членовите на Комисијата, независно дали подносителот е

    Види повеќе »
  • Коруптивни спреги во урбанизмот: ДУП-ови за приватни интереси, надзор по дампинг-цени!

    на јун 27, 22 • во Активности

    DUP

    Урбанизмот и градежништвото се мапирани како најподложна област за корупција, поради економските интереси, политичките притисоци, правните празнини. Урбанистичките планови се повеќе го забораваат јавниот интерес, па во нив доминираат планови за бензински пумпи, винарии, фотоволтаици. Неколку планерски куќи во државата добиваат монополска позиција, а многу општини си имаат свои „миленичиња“. Надзор над градбата, пак, вршат компании за суми од еден денар, без никаква економска логика. И ова укажува на постоење коруптивен синџир меѓу планерите, инвеститорите, изведувачите, надзорот, државните институции на локално и национално ниво

    Види повеќе »
  • Што треба да знаеме за локалните инспектори!!

    на јун 23, 22 • во Активности

    15-MemeS-15

    Проект „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, финансиран од програмата Цивика мобилитас, спроведуван од НВО Инфоцентар со партнерите РЦС Спектар – Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга.    

    Види повеќе »
  • Оглас за проектен асистент

    на мар 14, 22 • во Активности

    4219548

    Фондацијата НВО Инфоцентар Скопје се води со визијата за отворено, развиено и слободно демократско општество втемелено на владеење на правото и почитување на човековите права, општество на просветени и проактивни граѓани кои живеат во благосостојба и ги негуваат достоинството, еднаквоста, солидарноста и правичноста. НВО Инфоцентар посветено работи на создавање култура на постојано и проактивно учество на граѓаните во политичките и општествените процеси преку континуирана едукација и еманципација, како и јавно застапување за ослободување на јавниот простор од центрите на моќ и влијание. За потребите на проектот „Сојузи за активно граѓанство 2022”, финансиран од Европската Унија,

    Види повеќе »
  • Континуирана медиумска поддршка за имунизацијата

    на јан 28, 22 • во Активности, Ковид Имунометар, Мониторинг на Медиуми

    09-Monitoring-na-mediumi--[-Infographic-do-22-januari-2022-]-logoa-USAID-i-BTD

    НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Информации засновани на факти и транспарентност за успешна Ковид-19 имунизација“, спроведува мониторинг на известувањето на медиумите за процесот на вакцинација. Набљудувањето и анализата на медиумското известување за Ковид-19 имунизацијата се реализира преку агрегаторот на вести – Time.mk, кој опфаќа вкупно 125 медиуми – вести (63), портали (48) и спортски медиуми (14) и тоа, со пребарување според клучни зборови – „вакцинација“, „Филипче“ и „антиваксери“. Основната цел на набљудувањето е да се утврди интензитетот, квалитетот и доминантните наративи во известувањето на медиумите за целокупниот процес на Ковид-19 вакцинацијата во државава. Овој

    Види повеќе »
  • Патот на вакцините до Северна Македонија: Состојба до 22 јануари 2022

    на јан 28, 22 • во Активности, Анализи, Ковид Имунометар

    09-Patot-na-vakcinite-Infografik-do-22-januari-2022-so-logoa-USAID-i-BTD

    Целосно вакцинирани се само 40.7% од населението НВО Инфоцентарот, во рамки на својата програма „Информации засновани на факти и транспарентност за успешна КОВИД-19 имунизација“,на неделна и месечна основа го следи процесот на вакцинација против КОВИД-19 во Република Северна Македонија. Главен акцент во следењето е ставен на текот, темпото и интензитетот на вакцинацијата на населението против КОВИД-19, набавката и пристигнувањето на вакцините во државава, како и начинот и квалитетот на информирање на граѓаните за овој исклучително важен процес. Овој извештај претставува пресек на најважните и клучни информации, и достапни статистики поврзани со имунизацијата на населението против

    Види повеќе »
Scroll to top