Крива Паланка има неколку соодветно уредени простори за културни настани, но недостасуваат алтернативни места каде ќе се одвиваат поразлични форми на уметничко изразување и презентирање. Главно недостасуваат мали сцени за камерни настани и за мултимедијални проекти, а има потенцијали одредени постоечки локации да се уредат во нови алтернативни простори за културни содржини, заклучија учесниците на јавната дебата, но и граѓаните што одговорија на онлајн прашалникот. Панелисти на дебатата беа Натали Велеска, ахитект и Ѓорги Костовски, историчар на уметност. Како потенцијални простори за алтернативна културна сцена беа посочени: испосницата на „Св.Јоаким Осоговски“
Види повеќе »ЕКСПЕРТСКА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР-ПРИДОБИВКИ И ПРЕДИЗВИЦИ На 29.09.2022 година, во „Холидеј ин“, се одржа експертска дебата за придобивките и предизвиците на локалните инспекциски служби од примената на Законот за инспекциски надзор (ЗИН), на која присуствуваа 100-тина локални инспектори, раководители на сектори и одделенија од општини од сите плански региони, како и експерти од локални и државни институции поврзани со инспекцисиот систем. Панелисти на дебатата беа: Благоја Гешоски од Инспекцискиот совет на РСМ; Нури Бајрами од Државната комисија за спречување на корупцијата; Бобан Бојковски, раководител на Секторoт за инспекциски надзор – Куманово; Славица
Види повеќе »НВО Инфоцентарот со партнерските организации Спектар од Крива Паланка и Центар на заедницата на општина Струга, во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, поддржан од програмата ЦИВИКА Мобилитас, подготви документ за предностите и недостатоците на локалниот инспекциски надзор во Република Северна Македонија. Преку призмата на искуствата и ставовите на локалните инспектори во државава, овој документ првенствено се фокусира на придобивките и слабостите на Законот за инспекциски надзор (ЗИН), кој беше усвоен во мај 2019 година, а почна да се применува шест месеци подоцна односно во ноември истата година. Целта на овој
Види повеќе »Резултати од најновата анкета на НВО Инфоцентар, Спектар и ЦЗО Струга,за локалните инспекциски служби и Законот за инспекциски надзор. 60% од општинските инспектори сметаат дека локалните инспекциски служби не се доволно опремени и кадровски екипирани. 71.9% од локалните инспектори вклучени во анкетата сметаат дека постојниот модел на општински инспекциски надзор треба да претрпи измени. Над 76% од испитаниците одговорија дека новиот закон за инспекциски надзор е добар или многу добар, но не е усогласен со другите закони. Речиси 70% од инспекторите сметаат дека соработката со Инспекцискиот совет е одлична и многу добра, но над 40%
Види повеќе »ЛОКАЛНИТЕ ИНСПЕКТОРИ И ГРАЃАНИТЕ НВО Инфоцентрот, Спектар и Цетарот на заедницата во Струга, низ серијата обуки со инспекторите и инфо-деновите за граѓаните, спроведоа анализа за тоа дали и како локалните инспектори комуницираат со граѓаните, покрај процедурата за пријавување инспекциски проблеми, дали објавуваат разбирливи податоци и извештаи за работата на инспекциските служби, каде ги објавуваат информациите и каква е пристапноста до нив и сл. Детектирани состојби Граѓаните можат на различни начини да пријават проблеми до општинските инспекциски служби: Писмено, преку архивата на општината. Усно, по телефон или лично кај надлежниот инспектор. По електронски пат и
Види повеќе »Според добиените податоци граѓаните и граѓанските организации многу малку се заинтересирани да присуствуваат на седниците на советите на општините. На пример, во општините Струмица и Маврово – Ростуше на седниците на советот на општината не присуствувал ниеден граѓанин. Во Свети Николе, пак, граѓани присуствувале само на една седница за дислокација на депонија
Види повеќе »Територијалните противпожарни единици во Куманово, Свети Николе, Велес, Струмица, Крива Паланка, Теарце, Дебар и Маврово – Ростуше имаат стар возен парк, во некои од нив и над 40 години. Скоро во секоја општина има по едно или две неисправни возила
Види повеќе »За да се обезбедат подобри услуги и задоволување на потребите на заедницата, граѓаните и локалните инспектори треба да соработуваат и заеднички да се справуваат со проблемите, e генералниот заклучок на отворените средби помеѓу локлните сектори за инспекциски надзор во општините Струга, Куманово, Крива Паланка и Свети Николе и граѓанските организации и граѓаните од овие општини. На инфо средбите „Запознај го својот инспектор“, граѓаните имаа можност да се запознаат одблиску со работата, надлежностите и постапките на локалните инспектори од областа на животната средина, домувањето, градежната и комуналната инспекција и инспекцијата за патен сообраќај. Истовремено, тие се
Види повеќе »„Синот е вработен во секторот за урбанизам, а таткото има градежна фирма и е инвеститор на станбени згради. Дали е ова судир на интереси и дали ова не претставува сомнеж за ризик од влијание и корупција во урбаната сфера?“ Вакво прашање постави еден од учесниците во онлајн анкетата на Куманово њуз, посветена на искуствата и ставовите на граѓаните за тоа дали има корупција во урбанизмот во Куманово и во Крива Паланка. Во истражувањето што го спроведовме од 7 до 15 јуни годинава, учествуваа вкупно 60 граѓани од двете општини. Тие јасно ја изразија својата недоверба
Види повеќе »Со одвојување на инспекциските служби од локалната власт, преку редовна контрола и санкционирање за непочитување на законите, до намалување на ризикот од корупција во градежниот сектор Влијанието и моќта на градоначалниците, партиите и бизнис групациите претставуваат висок ризик за корупција и запоставување на јавниот интерес при инспекцискиот надзор во сферата на урбанизмот и градежништвото. Локалните градежни инспектори (како впрочем и сите локални инспектори), според законот се независни во постапувањето, но во исто време, тие за својата работа одговараат пред градоначалниците. Фактот што градоначалникот им е, и работодавач и налогодавач на инспекторите, сам по себе е
Види повеќе »© 2023 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics