Архива за октомври, 2022

  • Во Струмица се одржа првата женска трка „УЧЕСТВУВАМ – ОДЛУЧУВАМ“!

    на окт 29, 22 • во Активности

    312196856_10162053090553957_3032579970316413152_n

    Денеска, учесничките и учесниците на првата женска трка во Струмица, испратија порака до претставниците на Локалната самоуправа на Општина Струмица за потребата од примена на родовиот концепт при планирањето и спроведувањето на буџетските програми. Трката се одржа со цел да ја подигне свеста кај локалните власти и граѓаните и граѓанките за примена на родовиот концепт при планирање и спроведување на буџетските програми. Родово одговорните политики придонесуваат за унапредување на родовата еднаквост во Општина Струмица, притоа, земајќи ги во предвид специфичните потреби на жените и мажите/девојчињата и момчињата при планирањето и имплементацијата во стратешките општински документи

    Види повеќе »
  • Центарот за аудиовизуелни уметности мапира нови простори за нови настани во Крива Паланка

    на окт 20, 22 • во Активности

    311777085_1088013455200818_8770557601706975946_n

    Центарот за аудиовизуелни уметности (CaArts) заедно со граѓаните од Крива Паланка неколку месеци активно трага и истражува нови, потенцијални, алтернативни простори за културни настани во оваа општина. Откривањето, односно мапирањето на нови простори за што повеќе нови културни настани во Крива Паланка е акција на здружението „Центар за аудиовизуелни уметности“ од Крива Паланка. Со досегашните истражувања од Центарот констатирале дека културните настани главно се одвиваат на неколку простори во градот и тоа: Градскиот плоштад, Плоштадот „Карпошово востание“ (пред зградата на општина Крива Паланка), ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура. Со изградбата на новиот

    Види повеќе »
  • Јавна дебата за алтернативни простори за култура во Крива Паланка

    на окт 14, 22 • во Активности

    850_0360

    Крива Паланка има неколку соодветно уредени простори за културни настани, но недостасуваат алтернативни места каде ќе се одвиваат поразлични форми на уметничко изразување и презентирање. Главно недостасуваат мали сцени за камерни настани и за мултимедијални проекти, а има потенцијали одредени постоечки локации да се уредат во нови алтернативни простори за културни содржини, заклучија учесниците на јавната дебата, но и граѓаните што одговорија на онлајн прашалникот. Панелисти на дебатата беа Натали Велеска, ахитект и Ѓорги Костовски, историчар на уметност.         Како потенцијални простори за алтернативна културна сцена беа посочени: испосницата на „Св.Јоаким Осоговски“

    Види повеќе »
Scroll to top