„Синот е вработен во секторот за урбанизам, а таткото има градежна фирма и е инвеститор на станбени згради. Дали е ова судир на интереси и дали ова не претставува сомнеж за ризик од влијание и корупција во урбаната сфера?“ Вакво прашање постави еден од учесниците во онлајн анкетата на Куманово њуз, посветена на искуствата и ставовите на граѓаните за тоа дали има корупција во урбанизмот во Куманово и во Крива Паланка. Во истражувањето што го спроведовме од 7 до 15 јуни годинава, учествуваа вкупно 60 граѓани од двете општини. Тие јасно ја изразија својата недоверба
Види повеќе »Со одвојување на инспекциските служби од локалната власт, преку редовна контрола и санкционирање за непочитување на законите, до намалување на ризикот од корупција во градежниот сектор Влијанието и моќта на градоначалниците, партиите и бизнис групациите претставуваат висок ризик за корупција и запоставување на јавниот интерес при инспекцискиот надзор во сферата на урбанизмот и градежништвото. Локалните градежни инспектори (како впрочем и сите локални инспектори), според законот се независни во постапувањето, но во исто време, тие за својата работа одговараат пред градоначалниците. Фактот што градоначалникот им е, и работодавач и налогодавач на инспекторите, сам по себе е
Види повеќе »Јавна тајна е дека во нашите затвори царува корупцијата. Дали последниот полициски претрес во КПД „Идризово“ ќе ги поттикне институциите да работат и конечно да почнат да се справуваат со корупцијата во затворите? Граѓанин кој се огрешил пред законот и е осуден на казна затвор, се праќа да ја одлежи казната за да се ресоцијализира, за кога ќе биде ослободен да биде корисен за општеството. Така е на хартија. Но, во реалноста сликата е сосема поинаква. Не постои ресоцијализација. Постои борба за опстанок. Борба за „нормален“ затворски живот кој чини многу пари. А тие пари,
Види повеќе »Сомнежи за влијание при вработување, отпуштање од работа, стечаи, судски одлуки… Речиси нема област од општественото живеење за која не стигнала пријава до антикорупциската комисија во државава. Членовите на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кој е превентивен орган за справување со една од најтешките аномалии во општеството, имаат полни раце работа. На речиси секоја седница одлучуваат за десетици пријави од граѓани и фирми. Има седници на кои на дневен ред се наоѓаат и по 80 пријави за корупција и конфликт на интереси. Штом пријавата ќе стигне до членовите на Комисијата, независно дали подносителот е
Види повеќе »Урбанизмот и градежништвото се мапирани како најподложна област за корупција, поради економските интереси, политичките притисоци, правните празнини. Урбанистичките планови се повеќе го забораваат јавниот интерес, па во нив доминираат планови за бензински пумпи, винарии, фотоволтаици. Неколку планерски куќи во државата добиваат монополска позиција, а многу општини си имаат свои „миленичиња“. Надзор над градбата, пак, вршат компании за суми од еден денар, без никаква економска логика. И ова укажува на постоење коруптивен синџир меѓу планерите, инвеститорите, изведувачите, надзорот, државните институции на локално и национално ниво
Види повеќе »Проект „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, финансиран од програмата Цивика мобилитас, спроведуван од НВО Инфоцентар со партнерите РЦС Спектар – Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга.  
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics