Архива за 2022

  • МИНИ ПРИРАЧНИК ЗА МАКСИМУМ ЕФЕКТ

    на дек 20, 22 • во Активности, Публикации

    Untitled

    Социјалните медиуми и граѓанскиот активизам: Уникатна можност за ширење на вашата порака до светот! Последните години се наречени „ера на социјалните медиуми“, т.е. „ера на дигитализацијата“. Не постои некој кој не зборува за тоа, а компаниите ги базираат своите деловни модели на социјалните мрежи. Дали овие алатки може да се користат и во граѓанскиот / непрофитен свет? Дали на секоја невладина организација и се потребни профили на социјални мрежи за да може нормално да функционира или пак тоа може да ви наштети на вашата мисија? Овој мини прирачник дава увид на областа на управувањето со

    Види повеќе »
  • ЛОКАЛНИ ГРАЃАНСКИ ПРИОРИТЕТИ ЗА 2023

    на дек 20, 22 • во Активности, Важни

    prioriteti

    Граѓаните ги мачат многу проблеми на локално ниво и затоа детектираа бројни приоритети за 2023 година и тоа, во речиси сите области – животна средина, инфраструктура, урбанизам, општински услуги и др

    Види повеќе »
  • Компаративна Анализа на функционалност на комисиите за еднакви можности во Куманово, Струмица, Дебар и Свети Николе

    на дек 20, 22 • во Активности, Анализи

    ИСТРАЖУВАЊЕ 2

    Поаѓајки од фактот на јасно дефинираните законски обврски за поттикнување и за унапредување на родовата еднаквост помеѓу жените и мажите на локално ниво, Организацијата на жени од Струмица, Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе, Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово и здружението „Радика Де“ од Дебар извршија анализа на функционалноста на Комисиите за еднакви можности на жените и мажите (КЕМЖМ) при Советите на општините Струмица, Свети Николе, Куманово и Дебар. Предмет на оваа анализа е поставеноста и начинот на работење на КЕМЖМ (број и теми на одржани седници, соработката со координаторка за еднакви можности и

    Види повеќе »
  • Проблеми и приоритети на жителите во општина Центар

    на дек 12, 22 • во Активности, Анализи

    3

    НВО Инфоцентарот, како членка на Форумот за граѓански дијалог (ФГД), од 15 до 25 ноември 2022 година, спроведе онлајн анкета за жителите на општина Центар. Анкетата имаше цел да ги детектира најголемите проблеми со кои се соочуваат жителите на оваа скопска општина, како и да го сондира мислењето на граѓаните за клучните приоритети во нивната локална заедница, на кои општинската власт треба да работи во наредниот период. За потребите на сондажата на јавното мислење беше подготвен структуриран прашалник, врз основа на детектираните проблеми и приоритети од онлајн анкетата и консултациите со граѓаните на општина Центар

    Види повеќе »
  • Мониторинг: Општините и енергетската ефикасност

    на дек 1, 22 • во Активности, Анализи, Важни

    Screenshot (11)

    Во повеќето општини, во јавните објекти и на уличното осветлување, веќе се поставени или во тек е поставување штедливи светилки

    Види повеќе »
  • Во Општина Чашка започната постапка за формирање на Локален младински совет

    на ное 3, 22 • во Активности

    311487864_690921821962898_6099575057783599329_n

    Иницијативата за формирање Локален младински совет е дел од проектот „Здружени за активно граѓанство“ на НВО Инфоцентар, поддржан од ЕУ

    Види повеќе »
  • Во Струмица се одржа првата женска трка „УЧЕСТВУВАМ – ОДЛУЧУВАМ“!

    на окт 29, 22 • во Активности

    312196856_10162053090553957_3032579970316413152_n

    Денеска, учесничките и учесниците на првата женска трка во Струмица, испратија порака до претставниците на Локалната самоуправа на Општина Струмица за потребата од примена на родовиот концепт при планирањето и спроведувањето на буџетските програми. Трката се одржа со цел да ја подигне свеста кај локалните власти и граѓаните и граѓанките за примена на родовиот концепт при планирање и спроведување на буџетските програми. Родово одговорните политики придонесуваат за унапредување на родовата еднаквост во Општина Струмица, притоа, земајќи ги во предвид специфичните потреби на жените и мажите/девојчињата и момчињата при планирањето и имплементацијата во стратешките општински документи

    Види повеќе »
  • Центарот за аудиовизуелни уметности мапира нови простори за нови настани во Крива Паланка

    на окт 20, 22 • во Активности

    311777085_1088013455200818_8770557601706975946_n

    Центарот за аудиовизуелни уметности (CaArts) заедно со граѓаните од Крива Паланка неколку месеци активно трага и истражува нови, потенцијални, алтернативни простори за културни настани во оваа општина. Откривањето, односно мапирањето на нови простори за што повеќе нови културни настани во Крива Паланка е акција на здружението „Центар за аудиовизуелни уметности“ од Крива Паланка. Со досегашните истражувања од Центарот констатирале дека културните настани главно се одвиваат на неколку простори во градот и тоа: Градскиот плоштад, Плоштадот „Карпошово востание“ (пред зградата на општина Крива Паланка), ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура. Со изградбата на новиот

    Види повеќе »
  • Јавна дебата за алтернативни простори за култура во Крива Паланка

    на окт 14, 22 • во Активности

    850_0360

    Крива Паланка има неколку соодветно уредени простори за културни настани, но недостасуваат алтернативни места каде ќе се одвиваат поразлични форми на уметничко изразување и презентирање. Главно недостасуваат мали сцени за камерни настани и за мултимедијални проекти, а има потенцијали одредени постоечки локации да се уредат во нови алтернативни простори за културни содржини, заклучија учесниците на јавната дебата, но и граѓаните што одговорија на онлајн прашалникот. Панелисти на дебатата беа Натали Велеска, ахитект и Ѓорги Костовски, историчар на уметност.         Како потенцијални простори за алтернативна културна сцена беа посочени: испосницата на „Св.Јоаким Осоговски“

    Види повеќе »
  • Локалните инспекциски служби бараат независност и ефикасна законска регулатива

    на сеп 29, 22 • во Активности

    308493056_5779786335407491_7245393531103094161_n

     ЕКСПЕРТСКА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР-ПРИДОБИВКИ И ПРЕДИЗВИЦИ На 29.09.2022 година, во „Холидеј ин“, се одржа експертска дебата за придобивките и предизвиците на локалните инспекциски служби од примената на Законот за инспекциски надзор (ЗИН), на која присуствуваа 100-тина локални инспектори, раководители на сектори и одделенија од општини од сите плански региони, како и експерти од локални и државни институции поврзани со инспекцисиот систем. Панелисти на дебатата беа: Благоја Гешоски од Инспекцискиот совет на РСМ; Нури Бајрами од Државната комисија за спречување на корупцијата; Бобан Бојковски, раководител на Секторoт за инспекциски надзор – Куманово; Славица

    Види повеќе »
Scroll to top