Наодите од мониторингот на работата на Народниот правобранител беа презентирани и дискутирани на шест јавни презентации организирани во Тетово, Штип, Струмица, Битола, Кичево и во Куманово. На дебатите присуствуваа повеќе од стотина граѓански активисти, новинари претставници на државните институции, како и Народниот правобранител и неговите заменици на локално ниво
Види повеќе »НВО Инфоцентарот во континуитет ги набљудува и анализира содржините објавени во медиумите посветени на темата „десоросоизација“ односно на континуираната хајка и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (FOOM), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и др
Види повеќе »Најголем интерес за работата на Омбудсманот покажуваат порталите, па потоа телевизиите. Медиумите блиски до поранешната власт односно до ВМРО-ДПМНЕ, многу малку или речиси воопште не информираат за Народниот правобранител
Види повеќе »Подобрување во транспарентноста, независноста и ефикасноста, но сеуште видливоста на двете регулаторни тела е слаба – ова се генералните заклучоци од презентацијата на четвртиот квартален извештај кој се однесува на работата на двете регулаторни тела, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни меидиумски услуги и Агенцијата за електронски комуникации - АВМУ и на АЕК, а кој се однесува на периодот јули – септември 2017 година
Види повеќе »Народниот правобранител е перципиран како транспарентна и отворена институција, од страна на граѓаните, граѓанските активисти и новинарите. Сепак, досегашното искуство покажува дека граѓаните сѐ уште не се доволно информирани за неговите надлежности и неговата улогата во заштитата на човековите слободи и права
Види повеќе »Резултатите од истражувањето на медиумите во 2017 година, во однос на претходната, покажуваат дека постои подобрување во степенот на застапеноста на истражувачките и на аналитичките новинарски текстови во македонските медиуми, но дека тој процент сѐ уште е загрижувачки мал. Оттука, може да се оцени дека останува потребата од активности што ќе влијаат врз одлуките во редакциите да се зголеми присуството на истражувачките и аналитички текстови како најмоќно средство што им стои на располагање на медиумите за заштита на јавниот интерес
Види повеќе »НВО Инфоцентарот изразува големо незадоволство и разочараност од фактот што Собранието на Република Македонија, заради недоволен број присутни пратеници, не ги усвои препораките на Прибе кои се однесуваат на Народниот правобранител односно на заштитата на човековте права во државава
Види повеќе »Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, го презентира третиот мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“
Види повеќе »Владата на РМ сèуште не објавува целосен дневен ред на закажаните седници, а можноста за објавување на детални стенограми од владините седници, засега не се споменува. Се најавуваат само записници од седниците
Види повеќе »Со отворено писмо, Платформата за родова еднаквост денеска побара од политичките партии балансираност на кандидатските листи за претстојните Локални избори
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics