Говорот на активистот Жарко Трајановски, на третиот масовен протест пред Уставниот суд, им беше доставен на уставните судии во форма на писмо, заедно со неколку ролни тоалетна хартија, која симболично го претстави ставот на граѓаните за работата и одлуките на уставните судии
Види повеќе »Европската федерација на новинари упати писмо до еврокомесарот Јоханес Хан во кое бара реформите во медиумите во Македонија да бидат договорени и спроведени пред парламентарните избори
Види повеќе »АЈДЕ - Платформата за граѓанска политика ги повикува сите слободоумни граѓани и граѓанки на Република Македонија масовно да учествуваат на третиот протест пред зградата на Уставниот суд, закажан за 29 февруари, во 12 часот
Види повеќе »Протестот на АЈДЕ е закажан за 24 февруари, во 17.30 часот, пред зградата на Уставниот суд.
Види повеќе »Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешенел, во најновиот извештај за Република Македонија кој се однесува на 2015 година, во делот посветен на слободата на изразување истакнува дека над две илјади новинари биле под надзор на владата. Се оценува дека објавените снимки укажуваат на индиректно финансирање на провладини медиуми и политичко влијание врз изборот на новинари и содржината на вестите. Едновремено во извештајот се наведува дека нападите врз независните новинари продолжуваат, а како пример се наведуваат смртните закани кон Борјан Јовановски и физичкиот напад врз Саше Ивановски од страна на вицепремиерот Владимир Пешевски
Види повеќе »На дебатата се дискутираше за актуелните прашања и предизвици поврзани со процесот на прочистување на избирачкиот список – дали е возможно Македонија да добие кредибилен избирачки список за само неколку месеци, каков е квалитетот на базите на податоци и како тече нивното вкрстување, како ќе се одвиваат теренската проверка и процедурата на бришење или соодветно обележување на сомнителните гласачи на избирачкиот список, како ќе се одвива процесот на проверка на личните фотографии кои треба да бидат составен дел на избирачкиот список, дали ДИК ќе биде соодветно екипирана со времените вработувања
Види повеќе »Истражувањето се однесува на постојните модели на спроведување пописи (традиционален, базиран на регистри и комбиниран) и нивната применливост, иницирано од најавата на Премиерот за „електронски попис“ во државата, на евентуалната поврзаност на пописот со прочистувањето на избирачкиот список, како и на можните начини за ефикасно прочистување на избирачкиот список
Види повеќе »Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и ЛГБТИ центарот за поддршка, на 23 февруари 2016 година, пред Основното јавно обвинителство (ОЈО), ја промовираа онлјан платформата Пријави насилство
Види повеќе »Како што информираат медиумите, осумдесетгодишен старец бил претепан до смрт во бизарна расправија за политика во мариовското село Маков
Види повеќе »Дебатата ќе се одржи на 23 февруари 2016 година, вторник, со почеток во 11 часот, во хотелот Бест Вестерн (улица Македонија, Скопје), сала Амбасадор, во организација на НВО Инфоцентар, МЦЕО, Осми Септември, ЦРМ
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics