Архива за 2016

  • Селективен новинарски интерес за Омбудсманот

    на дек 22, 16 • во Активности, Анализи, Мониторинг на Медиуми

    naroden-pravobranitel-chovekovi-prava-365-dena-vo-godinata-204989

    НВО Инфоцентарот, во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД), во периодот од 1 ноември до 15 декември 2016 година, го набљудуваше известувањето на медиумите за работата на Народниот правобранител

    Види повеќе »
  • ИЗБОРИ 2016: Неутрален тон, но селективен и небалансиран новинарски пристап

    на дек 8, 16 • во Активности, Мониторинг на Медиуми

    untitled

    Иако најавите на прилозите, како и тонот на известување се неутрални и информативни, сепак, селективниот пристап на новинарите продолжи во овој период и го наруши балансот во фер-информирањето на МРТ1 за предизборните активности на политичките партии. Оваа селективност беше највидлива во прилозите посветени на опозициската СДСМ

    Види повеќе »
  • ИЗБОРИ 2016: Неутрален тон, но селективен новинарски пристап

    на дек 1, 16 • во Активности, Мониторинг на Медиуми

    04

    Новинарите редовно ги пренесуваат критиките и обвинувањата на владејачките партии насочени кон СДСМ, но информирајќи за активностите на опозицијата, во својот наратив не ги нагласија и не ги издвоија одговорите и демантите на СДСМ и на Заев за секојдневните обвинувања дека наводно сакаат да ја федерализираат Македонија. Кога станува збор за критиките на опозицијата спрема власта и владејачките партии, новинарскиот приод е поселективен и со забележливо отсуство на пренесување на критиките за криминал и незаконско прислушување, адресирани директно до ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски

    Види повеќе »
  • Избори 2016: А каде е овде пописот?!

    на ное 29, 16 • во Активности

    popis-vednas-logo

    Итен приоритет за новата влада формирана после изборите, меѓу другото, мора да биде подготовката и спроведувањето сеопфатен попис на населението, според сите меѓународни стандарди и со засилено меѓународно набљудување

    Види повеќе »
  • ИЗБОРИ 2016: Мониторинг на МРТ1 – Дебатна емисија Акцент

    на ное 24, 16 • во Активности, Мониторинг на Медиуми

    akcent

    Започнувајќи го циклусот дебатни предизборни соочувања, МРТ1 не понуди објаснување за тоа врз основа на кои критериуми ја прави селекцијата на теми за дискусија, особено за оние изданија на емисијата „Акцент“ посветени на само една тематска област

    Види повеќе »
  • ИЗБОРИ 2016: Политички коректно без дополнителен новинарски ангажман

    на ное 21, 16 • во Активности, Мониторинг на Медиуми

    untitled

    Анализата на објавените материјали покажува дека во Дневникот 2 на МРТ1 и натаму преовладува фактографскиот, описен, неутрален и балансиран тон на известување. Иако, приодот на „политички коректно“ и непристрасно информирање претставува чекор напред за јавниот сервис, сепак, новинарството во МРТ1 не смее да се сведе само на пасивно пренесување изјави и ставови на официјалните лица, туку треба постапно да се надградува со поголем проактивен, истражувачки и аналитички ангажман на новинарите

    Види повеќе »
  • ИЗБОРИ 2016: Прв извештај од мониторингот на информативната програма на МРТ1

    на ное 11, 16 • во Активности, Мониторинг на Медиуми

    untitled

    Првиот извештај ги содржи наодите од мониторингот на известувањето на јавниот радиодифузен сервис во рамки на централната информативна програма Дневник 2, на првиот програмски канал – МРТ1, во периодот од 17 до 30 октомври 2016 година

    Види повеќе »
  • Протест против кратењето на буџетот за превенција од ХИВ

    на окт 6, 16 • во Граѓанска сцена

    hiv-protest-02

    Платформата за превенција и поддршка за ХИВ бара од надложните да го коригираат скратениот буџет за заштита на населението од ХИВ, во согласност со препораките на експертите. Тоа ќе спречи појава на епидемија на ХИВ и ќе го заштити здравјето на сите граѓани

    Види повеќе »
  • Слобода за слободата на изразување

    на окт 3, 16 • во Анализи, Публикации, Слобода за слободата на изразување

    nalovna-sloboda

    Тријазичната публикација, на македонски, албански и англиски јазик, е компилација од анализи и извештаи изработени и публикувани во рамките на проектот „Слобода за слободата на изразување“. Публикацијата ги содржи анализата „Слободата на изразување и здружување во медиумите“ која го опфаќа известувањето на медиумите за темите поврзани со слободата на изразување и слободата на здружување, во периодот 15јануари – 25 декември 2015 година и 15 јануари – 30 јуни 2016 година; документот „Слободата на изразување наспроти навредата и клеветата“ кој претставува пресек на судските случаи за навреда и клевета, со посебен фокус на нивното влијание врз

    Види повеќе »
  • Анализа на резултатите од мониторинг на известувањето на медиумите 2016

    на јул 27, 16 • во Публикации

    Untitled

    Резултатите од истражувањето на медиумите за застапеноста и за квалитетот на истражувачките и на аналитичките новинарски текстови во Македонија покажуваат дека овие два жанра се многу малку застапени и неоправдано отсутни од медиумските содржини на традиционалните медиуми. Оттука, можеме да оцениме дека исклучително малата застапеност на истражувачките стории е дури и загрижувачка, ако се има предвид фактот дека истражувачкото новинарство е најмоќното средство што им стои на располагање на медиумите за заштита на јавниот интерес. Имено, денес и покрај глобалната инклинација на медиумите кон површност и сензационализам, длабоко се вкоренети очекувањата дека медиумите треба да бидат чувари на јавниот интерес

    Види повеќе »
Scroll to top