Во моментов најважно е да се фокусираме на целосно и темелно прочистување, па дури и да се направи целосно нов избирачки список. Вклучувањето на граѓанските организации и активисти е многу важно
Види повеќе »Според Комитетот, очигледно е дека државата назадува во почитувањето и заштитата на човековите права и слободи особено во делот на слободата на изразување и собирање
Види повеќе »Составот на новиот Надзорен одбор на МРТ покажува дека дури петмина од избраните седум кандидати се вработени во државни институции, а од нив двајца доаѓаат од канцеларијата на Претседателот на Владата. Ваквиот состав претставува директна контрола на власта врз работата на МРТ и директно нарушување на неговата самостојност и независност
Види повеќе »Тужбите и најавите за тужби за навреда и клевета против критичките медиуми и новинари од страна на владејачките политичари и бизнисмени блиски до нив, не секнуваат. Во само два дена, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков побара извинување од порталот Либертас, а рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко го тужи порталот НоваТВ
Види повеќе »Хелсиншкиот комитет за човекови права, во 2014 година, евидентирал 87 инциденти од омраза, главно извршени од млади луѓе, а најчеста причина за ваквите дела билa етничката и политичката припадност на жртвите. Најпогодени од злосторствата од омраза се младите, политичките активисти, како и припадниците на ЛГБТИ заедницата
Види повеќе »Само во последниве неколку месеци, сведоци сме на се поинтензивна и континуирана црна кампања и хајка против студентите, средношколците, граѓанските активисти и критичките новинари. Сведоци сме и на прекумерната употреба на сила за време на протестите на 5 мај, на приведувањето и осудувањето учесници во протестите, на ограниченото право на протести пред зградата на Владата, како и на десетината физички напади врз новинари, сопственици на медиуми, граѓански активисти и опозиционери
Види повеќе »Новинарството и натаму претставува најтужена професија. Дури една третина од постапките водени пред Основниот суд Скопје 2, во изминатите две години, се однесуваат на новинари, медиумски работници и медиуми. Најголемиот број од овие процеси – (82) 75% се веќе завршени, а останатите – (28) 25% се сѐ уште во тек. Она што загрижува е тенденцијата на постојано и континуирано покренување судски постапки против новинарите
Види повеќе »Случајот во кој вицепремиерот Владимир Пешевски насилно го нападна сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски, во провладините медиуми се претставува еднострано и со целосна поддршка за вицепремиерот и неговата постапка
Види повеќе »Покрај граѓанските организации, со осуда на физичкиот напад на вицепремиерот Владимир Пешевски врз новинарот Саше Ивановски, се огласија и Европската федерација на новинари (ИФЈ) и преставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Метаморфозис, ЦИВИЛ, Осми Септември, Македонскиот центар за европско образование, Плоштад Слобода, Центарот за современи уметности, Фронтот за слобода на изразување и ОКНО, изразуваат голема загриженост заради се почестите напади врз новинари, сопственици на медиуми и граѓански активисти кои имаат критички однос спрема власта и нејзините политики
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics