Професорскиот пленум (ПП) реагира на изјавата на поранешниот претседател на СОНК и сегашен активист од ГДОМ, Дојчин Цветановски, дадена за МТВ. Во реакцијата, ПП го потсетува Цветановски дека власта во секоја демократска држава има обврска да разговара и преговара со сите засегнати страни (stakeholders) и со стручната јавност, а не само со правни лица
Види повеќе »Претставничката на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска го осуди вчерашниот напад врз новинарот Саше Ивановски во Скопје. „Ова е најновиот во серијата инциденти на насилство и закани насочени кон новинари. Овој растечки тренд на насилство врз припадниците на медиумите мора да се спречи и затоа ги повикувам властите веднаш и целосно да го испитаат бруталниот напад на Ивановски“, напиша Мијатовиќ. Вчеравечер сопственикот на интернет порталот Мактел, Саше Ивановски беше брутално нападнат и претепан од страна на две лица. Се здобил со повреди на главата и грбот, при што била побарана медицинска помош
Види повеќе »Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) порача дека е сериозно загрижено од ескалацијата на насилство против новинари, откако вчеравечер двајца маскирани напаѓачи со метални шипки физички го нападнале новинарот Сашe Ивановски, попознат како Политико
Види повеќе »„Прашањата кои се поставија на вчерашниот „информативен разговор“ кој го изврши полицијата при својата визита во ЦИВИЛ, не би сакале да ги сметаме за форма на притисок и се надеваме дека, сепак, се работи за изолирана и случајна посета. Но, чувствуваме потреба да ја информираме јавноста за оваа блиска средба, имајќи ја предвид општата состојба“ соопштуваат од Цивил
Види повеќе »Една затворска казна во траење од 10 месеци и осум условни казни од по три месеци, кои нема да се извршат доколку обвинетите во рок од една година не сторат друго кривично дело, досуди Основниот суд Скопје 1 за деветтемина демонстранти, втората најголема група лица, кои беа приведени по насилните протести од 5 мај пред Владата на Република Македонија. Судот им го укина притворот на обвинети
Види повеќе »Во период после граѓанските протести пред Владата на РМ, на 5 мај 2015, провладините медиуми ја засилија хајката против граѓанските организации и опозицијата
Види повеќе »Фондацијата НВО Инфоцентар пристапува кон коалицијата ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА, затоа што оваа коалиција не е ниту предизборна, ниту пак, е коалиција за освојување на власта
Види повеќе »Група на мировни активисти и активистки од регионот на поранешна Југославија испрати писмо со поддршка до учесниците на демонстрациите кои деновиве се служуваат низ повеќе градови во Македонија
Види повеќе »Законот јасно наведува места и состојби во кои може да се ограничи местото на протест. МВР со образложение дека ограничувањето е резултат на последиците од протестот во вторникот. Во членот 21 од Уставот пак, пишува дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола
Види повеќе »Илјадници демонстранти, на 5 мај, пред зградата на Владата, го изразија своето незадоволство од власта и нејзиниот обид да го скрие убиството на Мартин Нешковски. Граѓаните ненасилно, но масовно ги искажаа својот револт и гнев кон актуелната власт и меѓу другото, побараа нејзина оставка. Одговорот на власта спрема насобраните граѓани беше жесток и со прекумерна употреба на сила. Министерството за внатрешни работи испрати стотоци полицајци и специјалци, како и водени топови и шок бомби наспроти демонстрантите. Има повредени, но и уапсени. Четириестина граѓани се во притвор и ним им се спремаат најверојатно кривични пријави. Сепак,
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics