Анализата „МРТ – јавен сервис на граѓаните?“ е обид да се утврди дали и колку Македонската телевизија ги исполнува функциите на јавен радиодифузен сервис и, секако, да поттикне јавна општествена дебата за улогата и функционирањето на јавниот радиодифузен сервис во Република Македонија. НВО Инфоцентарот, во партнерство со Центарот за развој на медиуми, во периодот септември 2012 – јануари 2013 година, направи длабинска анализа на работењето на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на нејзините телевизиски програми: МРТ1, МРТ2 и Собраниски канал
Види повеќе »Медиумско огледало, јануари – февруари 2013 НВО Инфоцентарот, со финансиска поддршка на Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ), во рамките на програмата „Медиумско огледало“, спроведе мониторинг на информирањето на медиумите за теми и настани поврзани со слободата на медиумите и слободата на изразување. Овој извештај се однесува на периодот 1 јануари – 6 февруари 2013 година и вклучува: седум дневни весници („Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Нова Македонија“, „Фокус“ и „Ден “), централните информативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија („24 Вести“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МРТ1“; „Алфа“ и „АлсатМ“) и шест информативни интернет портали
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics