НВО-Инфоцентарот и Македонскиот центар за европско образование, во рамките на програмата „Медиумско огледало“, во периодот од 11 до 14 декември, спроведоа мониторинг за начинот на кој медиумите ја информираа македонската јавност за работата на Советот за општи работи на Европската унија, кој во овој период ги усвојуваше заклучоците за политиката на проширување. Анализата покажа дека генерално, медиумите исходот односно заклучоците на Советот за општи работи на Европската унија, ги протолкуваа како неуспех, бидејќи Македонија остана „без датум и скрининг“. Новинарите информираа дека во текот на преговорите на претставниците на државите членки на ЕУ околу заклучоците,
Види повеќе »Во периодот опфатен со мониторингот (септември-ноември 2012), Европската комисија (ЕК) го објави својот годишен Извештај за напредокот на Македонија кој, како и изминатите години, окупираше најголем дел од вниманието на медиумите. Карактеристично за оваа година е тоа што речиси целосно изостана каква било анализа за напредокот на Македонија во различни области на кои се однесува Извештајот
Види повеќе »Повеќето медиуми најголем дел од медиумскиот простор му отстапија на некритичкото пренесување изјавите на политичарите, на сметка на известувањето и коментирањето за конкретните реформи предвидени во ПДВН
Види повеќе »Поголемиот дел од медиумите активно застанаа во одбрана на агендата на власта, која овој дијалог сакаше да го претстави како голем исчекор на планот на европската интеграција на Македонија. Повеќето од медиумите не го отворија прашањето зошто дијалогот се отвара дури оваа пролет, иако претседателот на Европската комисија, Баросо, го најави за минатата есен и некритички ги пренесуваа владините толкувања дека целиот процес се случува на иницијатива на македонската влада
Види повеќе »За разлика од минатата година, кога поголем дел од медиумите зазедоа активна позиција во наметнувањето на релевантните теми од Извештајот, годинава медиумите помалку аналитички известуваа и коментираа за клучните проблематични подрачја како што се: независноста на судството, реформата на јавната администрација, слободата на медиумите и борбата против корупција. Медиумите повторно наметнаа теми како (не)употребата на придавката „македонски“ во Извештајот, праќањето писма од страна на разни здруженија, институции и поединци до еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, како и масовното потпишување на т.н. Манифест на Македониумот. Огромен простор медиумите му посветија и на интервјуто на Премиерот за
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, во периодот од 10 февруари до 31 март, и од 1 октомври до 7 декември 2011 година, спроведе мониторинг на информирањето на медиумите за процесот поврзан со тужбата на Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics