Во Македонија, според медиумите, нестабилноста и кризата во политичкиот процес, дезориентираноста на Владата, како и нестабилните односи во владејачката коалиција, се последица од неколку негативни фактори: асиметрични односи меѓу партнерите во власта (при што, се истакнува дека Груевски е заложник на Тачи), аферата со неуспешната продажба на ТЕЦ „Неготино“, неможноста да се усогласат теснопартиските интереси при дооформувањето на составот на Републичкиот судски совет
Види повеќе »Македонските медиуми се загрижени од развојот на настаните кои имаат или може да имаат значајно влијание врз европската иднина на државата. Според нив, Владата не успева да оствари консензус преку дијалог на политичките актери во Македонија, за прашања кои спаѓаат во рангот на приоритетни национални и државни интереси. Медиумите ги загрижува зачестеноста на неповолните оцени и разочараноста на ЕУ од неуспехот на македонската влада да ги исполни очекувањата за напредокот на Македонија во спроведувањето на неопходните реформи
Види повеќе »Политиката на премиерот Груевски, според медиумите, се повеќе ги комплицира политичките процеси во Македонија. Речиси сите медиуми истакнуваат дека „Тачи го ниша бродот на Груевски“ и дека „Македонија станува заложник на лошата кохабитација меѓу претседателот Црвенковски и Владата на Груевски“
Види повеќе »Наспроти оптимистичките статистики на Владата, во медиумите е се поприсутен песимизмот за состојбите во државата. Владината промоција на економските статистички показатели, не ги импресионира медиумите и повеќето од нив, информациите од оваа област ги третираат со голема резерва и скептицизам
Види повеќе »Според медиумите, однесувањето на Владата го усложнува процесот на евроинтеграција на Македонија, затоа што благодарение на нејзиното лошо поведение, Европската унијата ја соочува државава со исполнување на дополнителни критериуми. Така, медиумите не се задоволни од тоа што политиката на Владата предизвика воспоставување на уште еден дополнителен услов за интеграција на Македонија во ЕУ: политичкиот дијалог
Види повеќе »Владата спроведува политика која неповолно се одразува врз напредокот на македонските евроинтеграциски процеси. Дополнителен придонес за критиките од Брисел претставуваат разрешувањата односно разместувањето на вработените во Секторот за евроинтеграции, поведението на ДПА, пред се на Мендух Тачи, непродуктивниот политички дијалог со ДУИ, како и проблемите на релација премиер - претседател. Ова се само дел од констатациите на медиумите во Македонија, изнесени во најновиот извештај на „Медиумското огледало“
Види повеќе »Сите медиуми во Македонија го следат и го констатираат хроничниот проблемна недостиг од „нормална“ кохабитација меѓу Премиерот и Претседателот на државата. Проблемите на кохабитацијата, според медиумите, претставуваат само уште еден „минус“ за Македониja пред ЕУ. За повеќето медиуми, тоа е доказ дека постојат пропусти во функционирањето на институциите
Види повеќе »Во поголемиот дел од медиумите се зголемува критиката насочена кон Владата, а во прв ред, кон премиерот Груевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и кон Мендух Тачи и ДПА. Штетата од „несоодветното“ однесување на Тачи оди и на адресата на премиерот Груевски
Види повеќе »Поголемиот дел од медиумите во Македонија не се задоволни од начинот на кој Владата ја практикува власта и констатираат дека таа води исклучително слаба политика во сферата на евроинтеграциите
Види повеќе »Според повеќето медиуми, Владата негативно влијае врз стабилноста, безбедноста и развојот на државата и спроведува „селективна битка за политичко дискредитирање на неистомислениците додека Красниќи шета слободен, а фантомски вооружени групи упаѓаат на Нота-фест” и дека „политичкиот булдожер во справувањето со дивоградбите спласна како стара `рѓосана машина“
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics