Македонско-бугарските односи се се поприсутни во медумите, особено во контекст на македонското историско наследство и повеќето од нив се огласија и истакнаа дека не се согласуваат со иницијативата за заедничка прослава на Илинден. Карактеристично за медимите е и тоа што во информирањето за евроинтегративните процеси доминира критиката насочена кон власта, но и кон политичката елита воопшто. Скептицизмот во врска со еврокапацитетите на македонската политика и на општетството во целина, медиумите најчесто го извлекуваат од пласираните критики на експертите, кои пак зачестено се јавуваат во улога на колумнисти. Проблематичното во овие случаи е тоа што повеќето колумнисти-експерти едновремено се
Види повеќе »Стравот на јавноста од евентуалниот долгорочен застој во проширувањето на ЕУ, по приемот на Романија и Бугарија, во македонскиот медиумскиот простор изби во преден план. Медиумите, под влијание на неповолните оценки објавени во „Економист“ и „Фајненшл тајмс“, се несигурни и непрецизни во своите ставови и наизменично сугерираат и песимизам и оптимизам, но најчесто наддаваат (мешетарат, фиктивно арбитрираат) со перспективите на Македонија во процесот на евроинтегрирањето. Респектирајќи го значењето на ставовите на европските институции, медиумите го креираат имиџот на ЕУ како „големиот арбитер“ во процесите и случувањата во македонската политика – и на внатрешен и
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics