Во медиумите во Македонија доминираат написи и прилози за односите на Македонија со Европската унија. Кај повеќето јавни гласила преовладува незадоволството од воздржаноста на Франција во однос на кандидатурата на Македонија. Според медиумите, стандардната „грчка пречка“ не само што изостана, туку Грција, поради свои геополитички и геостратешки интереси, на извесен начин ја поддржа македонската кандидатура. Наспроти тоа, таканаречената „српско-француска врска“ се наведува како пречка за македонското напредување во евроинтегративните процеси
Види повеќе »© 2023 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics