Прибирање на предлози од граѓаните на Општина Чашка

на ное 19, 21 • од

Во тек се реализација на активностите на проектот “Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво” реализиран од НВО Инфо Центар во соработка со Активо од Велес поддржани од меѓународниот центар “Улоф Палме” од Шведска во соработка со Општина Чашка. Како една од активностите е организирањето на мали настани, посети на населените места со цел [&hellip...
Pin It

Home » Активности » Прибирање на предлози од граѓаните на Општина Чашка

Во тек се реализација на активностите на проектот “Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво” реализиран од НВО Инфо Центар во соработка со Активо од Велес поддржани од меѓународниот центар “Улоф Палме” од Шведска во соработка со Општина Чашка. Како една од активностите е организирањето на мали настани, посети на населените места со цел собирање на потребите и приоритетите со посебен осврт на малцинските заедници.

 

Сите лица имаа директна можност на лице место да ги искажат своите потреби и истите да бидат евидентирани со цел подобрување на животот во населените места. Проблемите се од патна и комунална инфратсруктура, подобрување на образовниот процес со модернизација на наставни и нагледни средства, потреба од амбуланта, спорт и рекреација детски игралишта и други.

Во изминатиов период се посетија населените места: Лисиче, Горно Врановци, Согле и Богомила.
Месното население како и вработените во институцијата ООУ “Петре Поп Арсов” имаа можност на лице место пред претставници од локалната самоуправа, Одделение за локален економски развој,да ги изразат своите потреби.

Преку овие средби населението ги презентираат проблемите со кои се соочуваат, со посебен осврт ќе бидат земени потребите на малцинските зедници и нивна приоритизација во работата на Општина Чашка за 2022 година. Дел од барањата ќе бидат внесени во годишните програми на локалната самоуправа, а дел ќе се бараат средства од донатори, домашни странски.

Општина Чашка е мултиетничка општина, на дел од средбите присуствуваше и лицето задолжено за месни заедници и малцински заедници.
Во наредниот период се планира посета на поголемите населени места со цел прибирање на лице место на проблемите и потребите со кои се сооочуваат жителите на Оштина Чашка. Oвие средби даваат реална слика на потребите на жителите со посебен осверт на потребите на малцинските заедници.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top