Граѓанската иницијатива на жени (ГИЖ) од Свети Николе, во соработка со НВО Инфоцентарот, на осум жени од Сопот, Мустафино, Стањевци, Дорфулија и Лозово, им овозможи заеднички да учествуваат на првиот регионален саем на социјални претпријатија од Вардарскиот регион, кој се одржа на 12 ноември, на градскиот плоштад во Велес.
Овие жени со поддршка на ГИЖ и НВО Инфоцентар, се претставија со своите домашни производи: природен мед, овчо и кравјо сирење, домашна лозова ракија, тикви, ореви и др.
Оваа активност која се реализираше во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, е во насока на поттикнување на активното учество на жените во општините Свети Николе и Лозово, како и нивно економско зајакнување.