Патот на вакцините до Северна Македонија
Неделен #КовидИмунометар
Известувачки период: 16 – 23 ноември 2021
Целосно се вакцинирани 38.1% од населението
Кратко резиме
• 38.1% од населението се целосно вакцинирани (789.905 граѓани).
• 39.7% од населението примиле барем една доза вакцина (822.751 граѓани).
• Од 14 до 21 ноември, процентот на вакцинирани со една доза се зголемил за 0.4%, а на целосно вакцинирани за 0.2%.
• Интересот на граѓаните за прва вакцина и натаму е исклучително мал. • Tрета доза примиле 63.137 граѓани. • 47% од населението над 18 години е целосно вакцинирано.
• 57% од населението над 40 години е целосно вакцинирано.
• 31% од новозаразенитe, 23% од хоспитализираните и 20% од починатите од Ковид-19, биле вакцинирани.
• Комисијата за заштита од заразни болести препорача нови мерки за сите вработени во јавниот сектор.
• На 19 ноември, пристигнаа 200.070 дози Фајзер како донација од Полска.
• Нема информации колку и какви вакцини се на располагање, ниту дали, на кои и на колкав број вакцини им истекува рокот.
Интегрален текст ImmunoMeter 26_ 16 – 23 November, 2021