Патот на вакцините до Северна Македонија
Неделен #КовидИмунометар
Известувачки период: 9 – 15 ноември 2021
Целосно се вакцинирани 37.9% од населението
Кратко резиме
• 37.9% од населението се целосно вакцинирани (784.833 граѓани).
• 39.3% од населението примиле барем една доза вакцина (813.782 граѓани).
• Од 9 до 13 ноември, процентот на вакцинирани со една доза се зголемил за само 0.2%, а на целосно вакцинирани, исто така, за 0.2%.
• Интересот на граѓаните за прва вакцина и натаму е исклучително мал.
• 47% од населението над 18 години е целосно вакцинирано.
• 56% од населението над 40 години е целосно вакцинирано.
• 29% од новозаразенитe и 20% од починатите од Ковид-19, биле вакцинирани.
• Министерството за здравство веќе подолг период не ги ажурира податоците и не ги објавува набавките и пристигнувањето нови дози вакцини.
• Нема информации колку и какви вакцини се на располагање, ниту дали, на кои и на колкав број вакцини им истекува рокот.
Интегрален текст ImunoMetar 25_ 9 – 15.11.2021