Патот на вакцините до Северна Македонија
Неделен #КовидИмунометар
Известувачки период: 26 октомври – 1 ноември 2021
Целосно се вакцинирани 37.5% од населението
• 37.5% од населението се целосно вакцинирани (775.825 граѓани).
• 38.9% од населението примиле барем една доза вакцина (805.008 граѓани).
• Од 21 до 31 октомври, процентот на вакцинирани со една доза се зголемил за само 0.2%, а на целосно вакцинирани за 0.4%.
• Бројот на вакцинирани со трета доза се зголемува и досега изнесува 30.852.
• Интересот на граѓаните за прва вакцина и натаму е исклучително мал.
• 46% од населението над 18 години е целосно вакцинирано.
• 54% од населението над 40 години е целосно вакцинирано.
• 27% од новозаразените, 25% од хоспитализираните и 18% од починатите од Ковид-19, се вакцинирани.
Интегрален текст ImunoMetar 23_ 26.10 – 1.11.2021