Патот на вакцините до Северна Македонија
Неделен #КовидИмунометар
Известувачки период: 24 – 30 август 2021
Целосно се вакцинирани 25.2% од населението
• 25.2% од населението се целосно вакцинирани (521.784 граѓани).
• 34.5% од населението примиле една доза вакцина (712.338 граѓани).
• Во последните седум дена процентот на население со една доза се зголемил за 3%, а процентот на целосно вакцинирано население се зголемил за 1.2%.
• 51% од населението над 40 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
• 26% од полнолетното население до 39 години примило барем една доза.
• Во Врање досега се вакцинирале 13.300 македонски граѓани.
• 17% од новозаразените со коронавирусот се целосно вакцинирани.
• 11% од хоспитализираните, а 10% од починатите од Ковид-19 биле вакцинирани.
• Во државава, досега се пристигнати 1.719.460 дози вакцини.
• Продолжува владината медиумска кампања „Вакцинирај се“, наменета пред се, за младите луѓе.
Интегрален текст: ImunoMetar 14_ 24 – 30 avgust 2021