Медиумско огледало, ноември 2006: Владата е недоследна на своите ветувања во економијата!

на дек 25, 06 • од

Медиумите особено внимателно ги следат, ги анализираат и ги критикуваат потезите на Владата особено во областа на економијата. Најжестока критика и е упатена на Владата занедоследноста или некомпатибилностa на ставовите и ветувањата со праксата: „за склучувањето договори за јавни набавки во четири очи, без тендер; за непотизам; за партизација на администрацијата; за партиско обојување на државата; за [&hellip...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Медиумско огледало, ноември 2006: Владата е недоследна на своите ветувања во економијата!

Медиумите особено внимателно ги следат, ги анализираат и ги критикуваат потезите на Владата особено во областа на економијата. Најжестока критика и е упатена на Владата занедоследноста или некомпатибилностa на ставовите и ветувањата со праксата: „за склучувањето договори за јавни набавки во четири очи, без тендер; за непотизам; за партизација на администрацијата; за партиско обојување на државата; за кршењето на универзитетската автономија; за владината тенденција да ги тужи медиумите и да се пресметува со новинарството“.

Вниманието на медиумите го привлекува и таканаречениот „политички дијалог“. Повеќето од новинарите констатираат декавладата лошо го води политичкиот дијалог во ситуација кога за речиси сите реформски потфати и се потребни двотретинска поддршка и Бадентеровото мнозинство, кое, пак, реално го нема.Неколку медиуми шпекулираат и „со нови парламентарни мнозинства“.

Едновремено, во медиумите, имињата на некои министри станаа синоним за проблематични настани. Поради склучување договори за јавни набавки без тендери, и двајцата „економски“ министри беа критикувани (Трајко Славевски, министер за финансии, за непосредната спогодба со ОКТА за набавка на мазут. За истиот случај, за набавката на мазут, е критикувана и Вера Рафајловска, министерказа економија. Но на министерката Рафајловска и се забележува и за неадекватното поведение во односите со медиумите). На министерот за правда, Михајло Маневски, медиумите му забележуваат што премолчува контроверзни постапки на функционери на ДПА (адвокатот Нуман Лимани кој без решение за функцијата државен секретар во Министерството, токму во такво својство извршил посета на затворот „Идризово“, заедно со пратеникот Ружди Матоши). Најделикатна предизивикувачка забелешка и е упатена на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Заедно со пофалбите за брзото пронаоѓање и апсење на Александар Верушевски, медиумите објавија дека очекуваат да видат дали министерката ќе биде исто толку ефикасна и во случаите со Агим Красниќи и Даут Реџепи – Лека, за кои има полициска потерница.“

Ова се само дел од констатациите на најновиот извештај на „Медиумското огледало“, квалитативниот мониторинг на медиумите, на НВО Инфоцентарот, кој беше фокусиран на Рамковниот договор, трансферот на власта, евроинтегративните процеси и цивилниот сектор и кој се однесува на ноември 2006 година.

Во набљудувањето се вклучени 12 медиуми: „Шпиц“, „Вечер“,„Време“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Факти“, ТВ „А1“, ТВ „Канал 5“, „МТВ 1“, „МТВ 2“ (вести на албански јазик), ТВ „Сител“ и ТВ„Телма“.

Медиумско огледало, ноември 2006 – PDF верзија (421KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top