Медиумско огледало, март 2006: Ерван Фуере и Оли Рен – миленици на медиумите во Македонија

на апр 26, 06 • од

Медиумите во Македонија најголемо внимание им посветуваат на евроинтегративните процеси на земјата и на македонско-косовските односи.   За медиумите веќе нема дилеми дека позициите на Македонија во европската интеграција директно се врзуваат со регуларноста на претстојните парламентарни избори и во овој контекст тие  го анализираат поведението на субјектите од домашната политичка сцена, како и улогата и однесувањето [&hellip...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Медиумско огледало, март 2006: Ерван Фуере и Оли Рен – миленици на медиумите во Македонија

Медиумите во Македонија најголемо внимание им посветуваат на евроинтегративните процеси на земјата и на македонско-косовските односи.

 

За медиумите веќе нема дилеми дека позициите на Македонија во европската интеграција директно се врзуваат со регуларноста на претстојните парламентарни избори и во овој контекст тие  го анализираат поведението на субјектите од домашната политичка сцена, како и улогата и однесувањето на факторите од меѓународната политика. Медиумите многу малку или воопшто не ја третираат темата за сопствената улога  во тој процес.

 

Стравот (но и ставот) на некои медиуми од „воскреснувањето на СФРЈ“, но и од тоа дека „ЦЕФТА е алтернатива за Западен Балкан наместо интеграција во ЕУ“, веќе е заменет со оптимизмот дека зачленувањето во ЦЕФТА може да претставува увертира за влез во ЕУ. Како што се намалуваат сомневањата за балканското поврзување, така, пропорционално се зголемува стравот од прекин (или застој) во проширувањето на ЕУ, по приемот на Бугарија, Романија и Хрватска. Во контекст на можното „еврозатворање за земјите од Западен Балкан“, медиумска афирмација и позитивно вреднување бележи Оли Рен – противник на европската изолационистичката политиката кон Балканот. Инаку, во македонските медиуми, Ерван Фуере е најпозитивно вреднуван и речиси без исклучок секогаш афирмиран странски политичар (дипломат).

 

Во медиумите постои и поделеност кога станува збор за Косово и македонско-косовските односи, како и за прашањето за потребата од усвојување закон за употреба на албанскиот јазик. Поларизацијата во позиционирањето е особено видлива меѓу ТВ „Сител“, од една страна и весникот на албански јазик „Факти“ и „МТВ 2“ – програма на албански јазик, од друга страна. Додека ТВ „Сител“ се јавува како „негатор и отворен противник“ на афирмацијата на косовската независност, на унапредувањето на македонско-косовските односи, како и на прашањето за употребата на албанскиот јазик, „Факти“ и „МТВ 2“ се „афирматори и лобисти“ за истите прашања. На позицијата „умерени критичари односно балансери“, пак,  најчесто се наоѓаат „Утрински весник“ и ТВ „Канал 5“. Останатите медиуми осцилираат во просторот меѓу почетокот и средината на скалата, но сепак, се доста оддалечени од точката нa која се наоѓа ТВ „Сител“.

Ова се само дел од констатациите на квалтитативниот мониторинг на медиуми, кој го опфаќа периодот од 27 февруари до 2 април 2006 година, а кој го спроведува НВО Инфоцентарот, во рамките на Програмата за континуирано набљудување на медиумите „Медиумско огледало“. Во мониторингот се опфатени шест дневни весници и шест ТВ куќи на национално ниво: „Вест“, „Вечер“, „Време“, „Дневник“,„Утрински весник“, „Факти“, ТВ „А1“, ТВ „Канал 5“, „МТВ 1“, „МТВ 2“, ТВ „Сител“ и ТВ „Телма“.

Медиумско огледало, март 2006 – PDF верзија (442KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top