Медиумско огледало – извештај за септември 2005

на окт 27, 05 • од

Медиумите во Република Македонија, во следењето на општествено-политичките процеси и настани, и натаму, користат загрижувачки висок степен на анонимни извори. Ваквата тенденција бележи пораст и медиумите најчесто не ја наведуваат причината заради која се повикуваат на непрецизни и анонимни извори на информации.   Ова е една од главните констатации на квалитативниот мониторинг на медиумите, за [&hellip...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Медиумско огледало – извештај за септември 2005

Медиумите во Република Македонија, во следењето на општествено-политичките процеси и настани, и натаму, користат загрижувачки висок степен на анонимни извори. Ваквата тенденција бележи пораст и медиумите најчесто не ја наведуваат причината заради која се повикуваат на непрецизни и анонимни извори на информации.

 

Ова е една од главните констатации на квалитативниот мониторинг на медиумите, за септември, 2005 година, спроведен во рамките на „Медиумското огледало“ – програма за редовно набљудување на медиумите во Македонија, на НВО Инфоцентарот.

Медиумите, во периодот опфатен со оваа анализа (5 септември – 1 октомври), од тематските области што ги следи мониторингот, најголемо внимание им посветија на интеграциските процеси за влез во ЕУ, потоа на односите на Македонија со НАТО, во контекст на напорите за нејзино зачленување вo Алијансата, како и на настаните во процесот на децентрализацијата. Најмалку застапена тема во македонските медиуми, во септември, беа судските процеси на трибуналот во Хаг.

 

НВО Инфоцентарот во рамките на своите заложби за постојана двонасочна комуникација и соработка со медиумите, продолжува со редовниот мониторинг на медиумите во Република Македонија - „Медиумско огледало“.

„Медиумско огледало“ се обидува да даде јасна слика за тоа дали медиумите ги почитуваат професионалните стандарди и критериуми на информирање, но и за начинот на кој тие ги следат и интерпретираат клучните општествени процеси инастани.

Во набљудувањето се опфатени шест дневни весници и шест ТВ куќи на национално ниво: „Вест“, „Вечер“, „Време“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Факти“, ТВ „А1“, ТВ„Канал 5“, „МТВ 1“, „МТВ 2“, ТВ „Сител“ и ТВ „Телма“.

Медиумско огледало, септември 2005 – PDF верзија (534KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top