Медиумско огледало, април 2006: Предвремената изборна кампања – виновник за застојот во реформите!

на јун 1, 06 • од

Стравот на јавноста од евентуалниот долгорочен застој во проширувањето на ЕУ, по приемот на Романија и Бугарија, во македонскиот медиумскиот простор изби во преден план. Медиумите, под влијание на неповолните оценки објавени во „Економист“ и „Фајненшл тајмс“, се несигурни и непрецизни во своите ставови и наизменично сугерираат и песимизам и оптимизам, но најчесто наддаваат (мешетарат, [&hellip...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Медиумско огледало, април 2006: Предвремената изборна кампања – виновник за застојот во реформите!

Стравот на јавноста од евентуалниот долгорочен застој во проширувањето на ЕУ, по приемот на Романија и Бугарија, во македонскиот медиумскиот простор изби во преден план. Медиумите, под влијание на неповолните оценки објавени во „Економист“ и „Фајненшл тајмс“, се несигурни и непрецизни во своите ставови и наизменично сугерираат и песимизам и оптимизам, но најчесто наддаваат (мешетарат, фиктивно арбитрираат) со перспективите на Македонија во процесот на евроинтегрирањето.

 

Респектирајќи го значењето на ставовите на европските институции, медиумите го креираат имиџот на ЕУ како „големиот арбитер“ во процесите и случувањата во македонската политика – и на внатрешен и на надворешен план. Речиси не постои политички настан или процес, политички концепт или економска политика, за кој во преден план не се презентирани (и најчесто одобрени и позитивно вреднувани) мислењата и ставовите на ЕУ. Овие ставови и мислења се презентираат пред ставовите на Владата и институциите од македонскта политика, кои се најчесто критикувани за бавноста во спроведувањето на реформите. Иако односот кон ЕУ е како кон „големиот арбитер“, медиумите, сепак, помалку ја експонираат потребата од демонополизација на пазарот на телекомуникациите, за разлика од високиот тон со кој ЕУ инсистира на демонополизацијата. Во овој период, според медиумите, инертноста во реализацијата на неопхдоните реформи се должи на преокупираноста на политичките субјекти со предвремено започнатата предизборна кампања.

 

Изборната атмосфера е постојано присутна во медиумите. Иако предизборната кампања се уште официјално не е започната, сите медиуми, темите, предмет на оваа анализа, ги третираат во контекст на претстојните парламентарни избори. Ваквиот пристап е присутен дури и тогаш кога определени настани немаат никаква врска со изборниот процес.

 

Во изборот на темите и во интензитетот со кој тие се следат, констатирана е разлика меѓу медиумите на македонски и медиумите на албански јазик. За разлика од медиумите на македонски јазик, медиумите на албански јазик покажуваат исклучително мал интерес за определени теми, како на пример, за судењето на Бошковски и на Тарчуловски во Хаг, за спорот меѓу СПЦ и МПЦ, за спорот околу името на државава, како и за Декадата за општественото вклучување на Ромите. Според тоа, за што и како известуваат медиумите на албански јазик, се наметнува дилемата дали интересот на нивната публика е многу тесен и интензивно фокусиран само на определени теми или пак самите медиуми решавајќи за тоа кои теми ќе ги следат, а кои ќе ги игнорираат, всушност го насочуваат и го обликуваат интересот на својата публика.

 

Ова се само дел од констатациите на квалтитативниот мониторинг на медиуми, за април 2006 година, кој го спроведува НВО Инфоцентарот, во рамките на Програмата за континуирано набљудување на медиумите „Медиумско огледало“.

Медиумско огледало Бр.8, април 2006 – PDF верзија (411KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top